Здраво, јас сум

Ангела

Персонален тренер за жени кои сакаат да се чувствуваат силни

Да започнеме заедно
🌸
Ангела - персонален тренер

не е страшно, ветувам! 🩷

Мојот пристап

Фитнес со љубов, не со стрес

Ангела - силна и женствена

Техника

Правилна форма и изведба на секоја вежба. Без кратенки, без импровизации.

Прогрес

Чекор по чекор, секој тренинг е подобар од претходниот. Реален план, реални резултати.

Самодоверба

Кога се чувствуваш силна, зрачиш со таа енергија во секој аспект од животот.

Дисциплина

Фитнесот е начин на живот. Градиме навики што остануваат засекогаш.

Ангела со розов kettlebell
твојот тренер, ментор, и малку психолог 😊

За мене

Веќе 12 години тренирам жени кои сакаат да бидат силни, не исцрпени. Без викање. Без казнување.

Тренирам со разбирање, смеа, и многу охрабрување. Верувам дека секоја жена заслужува да се чувствува силна и самоуверена во своето тело.

Мојата работа не е само да те научам да вежбаш — туку да ти помогнам да засакаш да вежбаш.

Нема вага. Нема броење калории. Само ти и огледалото.

0
години искуство
0
посветеност
0
розов kettlebell 💖

Како можам да ти помогнам

Тренинзи со партнер

Дојди со другарка, сестра, или мајка. Заедно е полесно и позабавно!

Дознај повеќе →
Наскоро

Онлајн програми

Тренирај од каде и да си. Персонализирани планови и постојана поддршка.

Видео серијал

„Сакам да вежбам“

Серијал со вежби за дома и теретана, во соработка со Сакам да кажам.

27 видеа Гледај на YouTube →

Работам со брендови на кои им верувам и кои се совпаѓаат со мојот начин на живот и секојдневие. Отворена сум за нови соработки — contact@angela.mk

Што велат моите клиентки

Тренинзите со Ангела се одлично искуство. Професионална e, посветена и кога не сум во "mood" знае како да ме турне чекор понатаму без да претера. Тренинзите се прилагодени на моите цели и веќе гледам супер резултати. Топло ја препорачувам.

— Андријана

Почнав со страв, завршив со самодоверба. Најдобрата одлука што ја донесов.

— Ана

После 3 месеци со Ангела, конечно се чувствувам силна. Не слаба, не мала — силна. Тоа е најдобриот подарок.

— Марија
Каде вежбам
Fitness Park · Скопје
Отворена сум и за тренинг на други локации

Да започнеме заедно

Пиши ми, не тепам! :)

Закажи бесплатна консултација и да разговараме за твоите цели.

iOS Апликација — наскоро! Тренирај паметно, следи го напредокот.