Здраво, јас сум

Ангела

Персонален тренер за жени кои сакаат да се чувствуваат силни

Да започнеме заедно
🌸
Ангела - персонален тренер

не е страшно, ветувам! 🩷

Мојот пристап

Фитнес со љубов, не со стрес

Ангела - силна и женствена

Техника

Правилна форма и изведба на секоја вежба. Без кратенки, без импровизации.

Прогрес

Чекор по чекор, секој тренинг е подобар од претходниот. Реален план, реални резултати.

Самодоверба

Кога се чувствуваш силна, зрачиш со таа енергија во секој аспект од животот.

Дисциплина

Фитнесот е начин на живот. Градиме навики што остануваат засекогаш.

Ангела со розев kettlebell
твојот тренер, ментор, и малку психолог 😊

За мене

Повеќе од 12 години фитнесот е мој начин на живот. Работам со жени и им помагам да изградат сила - физичка и ментална - и да се чувствуваат убаво во своето тело.

Без екстреми. Без притисок.

Вежбаме со разбирање, забава и охрабрување. Верувам дека тоа е вистинскиот начин кој е издржлив долгорочно.

Мојата работа не е само да те научам да вежбаш - туку да ти помогнам да го засакаш вежбањето.

Нема вага. Нема броење калории. Само ти и огледалото.

0
години искуство
0
посветеност
0
розев kettlebell 💖

Како можам да ти помогнам

Тренинзи со партнер

Дојди со другарка, сестра, или мајка. Заедно е полесно и позабавно!

Дознај повеќе →

Онлајн програми

Тренирај од каде било.
Онлајн консултација, персонализирана програма (за дома или теретана) и предлог оброци кои реално можеш да ги следиш.

Ти работиш на себе.
Јас го водам процесот.

Неделен онлајн check-in за напредок, корекции и поддршка.

Дознај повеќе →
Ново

Во живо 1:1 онлајн тренинг

Персонален тренинг. Во живо. Од каде било во светот.
Онлајн тренинг на камера. Те водам низ секое движење, серија, повторување.

За дома или теретана.

Дознај повеќе →
Видео серијал

„Сакам да вежбам“

Серијал со вежби за дома и теретана, во соработка со Сакам да кажам.

27 видеа Гледај на YouTube →

Работам со брендови на кои им верувам и кои се совпаѓаат со мојот начин на живот и секојдневие. Отворена сум за нови соработки - contact@angela.mk

Што велат моите клиентки

Тренинзите со Ангела се одлично искуство. Професионална e, посветена и кога не сум во "mood" знае како да ме турне чекор понатаму без да претера. Тренинзите се прилагодени на моите цели и веќе гледам супер резултати. Топло ја препорачувам.

— Андријана

Со радост ја дочекувам секој тренинг. Ангела секогаш постигнува совршен баланс меѓу нејзиното умеење, знаење и искуство со моето уживање во активното вежбање. Ефектите од редовното вежбање со неа се изненадувачки одлични.

— Ирена

После 3 месеци со Ангела, конечно се чувствувам силна. Не слаба, не мала - силна. Тоа е најдобриот подарок.

— Марија
Каде вежбам
Fitness Park · Скопје
Отворена сум и за тренинг на други локации

Да започнеме заедно

Пиши ми, не тепам! :)

Закажи бесплатна консултација и да разговараме за твоите цели.

iOS Апликација - наскоро! Тренирај паметно, следи го напредокот.